На оваа земја ИТНО и се потребни работници Проверете ШТО е најмногу тражено
Холандските
власти објавија дека за натамошен економски раст во земјата се потребни нови
работници во секторите како што се ИТ, градежништво и здравствo.
Државната агенција
за вработување (UWV) соопшти
дека недостигот на квалификувана работна сила во овие сектори претставува
закана за растот на оваа европска земја.
Во соопштението понатаму
се вели дека во Холандија за време на рецесијата, сектори коишто беа особено
погодени се градежништвото и здравството, но кои, како што се наведува, сега
бележат значителен раст.
Бројот на работни
места во градежниот и во здравствениот сектор во текот на две години двојно се
зголеми.
Од државната агенцијаза вработување се наведува дека во градежниот сектор се потребни столари,
ѕидари и техничари, бидејќи како што се додава, многу постари работници се пред
пензионирање.
Во здравствениот
сектор се најпотребни квалификувани медицински сестри. Во соопштението се
додава дека бројот на работни места во земјата е зголемен во сите сектори,
освен во секторот за финансиски услуги и јавниот сектор.
Коментари
Публикуване на коментар