Фантастични над МИЛИОН работни места во Германија, погледајте кои професии се НАЈБАРАНИ!
Слободни работни
места во Германија моментално има околу еден милион и 64 илјади. Според
најновите податоци од Институтот за истражување на пазарот на трудот, ова
предтавува историски рекорд, Германија никогаш немала толкава потреба за нови
работници. Работа во Германија има и за не ЕУ граѓани.
Германските
медиуми изјавија дека овие податоци се големо охрабрување за оние коишто решиле
да побараат нов живот токму во Германија.
Од кандидатите за
работа во Германија, се очекуваат различни вештини, а најмногу има работа за информатичари, математичари, електро
техничари, заварувачи, металски работници, електричари, ортопеди и негуватели.
Интересно е дека за
64 отсто од работните места се бара завршено занаетчиско училиште, додека за 13
проценти од работните места неопходно е да имаат висока стручна спрема или
завршен факултет. За 20 проценти од вкупните работни места во Германија, не е
потребна никаква едукација.
Александар Кубис,
од Институтот за истражување на пазарот на трудот, изјави дека најголема е
побарувачката од малите и средни претпријатија коишто се во потрага по квалификувани,
стручни и способни работници.
Со овој бум на
работни места во Германија се предвидува дека земјата до крајот на 2017 година ќе
има околу 45 милиони вработени, што е за 670.000 повеќе од минатата година. Статистичките
податоци покажуваат дека во сето ова, удел имаше и имигрантскиот бран, како и
фактот дека се повеќе жени и повозрасни луѓе успешно се вработуваат.
Контактирајте ја нашата агенција за вработување во странство доколку сакате и
вие да аплицирате за работа во Германија.
Коментари
Публикуване на коментар