Сезонска работа во Црна Гора: Заработете НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ евра во текот на летото

Вообичаено е мислењето дека периодот за сезонска работа во географски до нас блиската Црна Гора започнува во јуни и трае до септември, но во некои градови трае многу подолго. Спрема ова може да се каже дека понудата на сезонски работни места во оваа земја е веќе започната.

Бидејќи во изминатите неколку години стануваше збор за потешко добивање на работна дозвола, тамошните агенции за вработување и менаџери на ресторани велат дека ова воопшто не е проблем.

Работна дозвола може лесно да се добие. Потребна е само потврда за неказнуваност, а останатото се добива без проблеми и дозволата се чека максимум од 15-20 дена, велат во една агенција и додаваат дека најмногу се бараат готвачи, помошни работници во кујната, келнери, шанкери, бармени, собарки, хигиеничари и рецепционери .

Најдобро се платени готвачите - од 600 до 2.500 евра месечно, а најмалку собарките и хигиеничарите - 300-400 евра месечно. Од агенцијата велат дека со работата се добива и платен стан односно сместување и храна.

Невозможно е да се наведе точниот број на сезонски работници во Црна Гора, но се споменува бројката од 40.000 работници од Србија, Босна и Македонија, а има и руски сезонски работници, коишто го следат бранот на туристи од оваа земја.

По завршувањето на туристичката сезона, понудата за работа во Црна Гора не завршува, велат во агенциите, бидејќи почнува сезоната на изградба, па се отвараат илјадници работни места за градежни работници од сите сфери, ѕидари, столари, армирачи, фасадери, молери, керамичари, каде што се плаќа по саат - од три до четири евра. За повеќе информации и апликации, контактирајте ја нашата агенција за вработување во странство. Кликнете на Контакт за да ги пронајдете нашите контакт податоци.

Коментари

Популярни публикации от този блог

Словенија/ Работа за Возачи со Б Категорија/ Пристаниште Копер

Работа во Германија за ПОМОШНИ РАБОТНИЦИ во фабрика за ЧОКОЛАДА!

Работа во Хрватска за Собари/ки (м/ж) во хотели