Предности и недостаоци на одењето за работа во Словачка во споредба со другите ЕУ земји

Словачка станува се поинтересна работна дестинација каде што трајно или привремено се преселуваат поединци и семејства од други ЕУ земји како што се Холандија, Велика Британија, Италија и други. Луѓето од овие ЕУ земји се почесто започнуваат свој мал бизнис во туризмот, фармерството но исто така многумна се определуваат и за волонтерска дејност. Кои се причините за ваквата миграција може да ви стане појасно откако ќе ги погледате предностите и недостатоците од престој и работа во Словачка.
Од друга страна, се поголем е интересот за Словачка како работна дестинација кај луѓето што доаѓаат од не ЕУ земјите меѓу кои се вбројува и нашата земја. Зошто е тоа така, погледајте во продолжението на овој текст.

Можност да се работи и без поседување на ЕУ пасош

Познато е дека во повеќето ЕУ земји, услов за да се добие работно место е поседување на ЕУ пасош. Ова е големо ограничување што спречува многумина кај нас да заминат на привремена работа во Германија, Австрија или друга европска земја. Словачка е исто така членка на ЕУ и затоа таму важат истите правила и прописи.
Сепак, постои поголема флексибилност и многу повисока веројатност како МК државјанин да добиете работа во Словачка отколку во некоја од другите ЕУ земји. Дури, може да се каже, сосема е извесно дека ќе можете да работите во Словачка доколку се одлучите за тоа. Период во којшто би можеле да имате работа во Словачка за почеток е 90 дена.

Извонредно сместување што нема да ве чини ниту 1 евро

Според однапред склучени договори, ако одите на работа во Словачка преку нашата агенција, вие би имале обезбедено сместување во одлични услови БЕЗ ДА ПЛАЌАТЕ за тоа. Сместувањето е во хотели со најмалку 3 ѕвезди и во убави приватни куќи опремени со нови елементи во кујна, тоалет и останатите простории, со убаво средени дворови што би ви овозможило пријатно да се чуствувате и вон работното време.
На оние што работат или работеле во странство им е добро познато дека еден од најголемите трошоци е плаќањето на кирија којашто е прилично висока во повеќето ЕУ земји. Со тоа што во Словачка не би плаќале кирија, вие ќе можете да заштедите повеќе пари од вашите приходи.

Пониски трошоци за живот

Трошоците за храна и облека коишто се сметаат за основни во секојдневниот живот, се многу пониски во Словачка отколку во другите ЕУ земји. Најголемиот дел од овие продукти имаат пониски цени дури и од кај нас. Ова дополнително ги зголемува вашите можности за поголем заштеден износ од вашата работа во Словачка.

Приходи

Како еден вид недостаток во споредба со другите ЕУ земји се нешто пониските приходи чијшто просек во Словачка изнесува околу 800 евра месечно. Но со оглед на останатите услови, обезбедно сместување за коешто не плаќате, обезбеден превоз до работното место и назад, пониските трошоци за живот, може да се каже дека одењето на работа во Словачка за 90 дена е солиден избор доколку имате потреба од приходи. 

Коментари

Популярни публикации от този блог

Словенија/ Работа за Возачи со Б Категорија/ Пристаниште Копер

Работа во Германија за ПОМОШНИ РАБОТНИЦИ во фабрика за ЧОКОЛАДА!

Работа во Хрватска за Собари/ки (м/ж) во хотели