Деловна култура - ШТО можете а што НЕ ТРЕБА да правите на работа во Словачка
Бидејќи постои
зголемен интерес кај нас за работа во Словачка, ви презентираме некои основни
податоци за оваа земја како и она што треба да знаете за деловната култура и што
е прифатливо однесување доколку се решите да одите на работа во Словачка
кадешто постои таква можност дури и без поседување на ЕУ пасош.
Словачка - основни податоци
Република
Словачка е географски лоцирана во централна Европа и се граничи со пет земји
Чешка, Полска, Украина, Унгарија и Австрија. Бројот на жители во Словачка
изнесува околу 5,5 милини. Главен град е Братислава којшто воедно е и најголем
град со околу 450 илјади жители. Други поголеми градови во Словачка се Кошице,
Прешов, Нитра, Жилина, Банска Бистрица. Официјален јазик во Р.Словачка е Словачкиот, а официјална валута е еврото.
Постои растечки
обем на миграција на луѓе во Република Словачка, како внатрешно помеѓу
регионите, така и имиграција од странство.
Можности за работа во Словачка
Откако влезе во ЕУ, Словачка
привлече голем број на странски инвестиции и може да се каже дека има прилично
развиена индустрија којашто има тренд на растеж. Заради ова се отвараат голем
број на нови работни места во различни сектори како што се автоиндустријата,
металургијата, хемиската индустрија, преработка на храна и друго.
Деловна култура во Словачка
Кога ќе ја посетите
друга земја за работа, може да очекувате некои разлики во тоа што е прифатливо
однесување на работа. Сепак, не секогаш имате доволно време да ги научите овие
разлики преку лично искуство. Може да се случи да се најдете на состанок со некој
менаџер или шеф/ица од фирмата, само неколку часа или еден ден по вашето
пристигнување, каде што недостатокот од знаење за локалните навики може да
придонесе да направите основни културни грешки, што може да има последици за
вашиот просперитет во работата.
Словаците се
генерално топли, но се воздржани. Вообичаениот поздрав е ракување со директен
контакт со очите, иако блиските пријатели може да се бакнат во образ. Друг
физички контакт не е нормален меѓу Словаците во деловното опкружување.
Треба да се
користат професионални или лични наслови при обеачање (Пан за г-дин, и Пани за г-ѓа или г-ца),
заедно со презимето. Може да бидете поканети да се обраќате по име откако ќе се
воспостави деловната врска.
Точност
Точноста на
работа во Словачка е многу важна затоа што доцнењето не прави добра слика за
поединецот. Словачката деловна заедница е многу точна и луѓето не сакаат да чекаат.
На социјалните средби е нормално 15-минутно чекање, но може да значи
непријатност во работното опкружување каде што се очекува точност.
Табу теми во деловната култура
Важно е да се
избегне мешањето на работата со задоволството. Поточно, важно е да се избегне
поставување прашања за интимни лични предмети, како што е финансискиот статус
на вашиот шеф или колега, несоодветна дискусија за доверливи деловни прашања,
како и расни и сексуални шеги.
Словаците
понекогаш може да го покачат прифатливото ниво на правење шеги на деловни
состаноци. Сепак, можете да зборувате генерално за политиката, економијата и
важните спортски настани.
Облекување
Во словачката
деловна заедница, вашиот изглед го дава првиот впечаток за вас. Чистотата и
уредноста се задолжителни. Во малите и средни претпријатија, обично не постојат
посебни правила за облекување, освен кога вработените треба да носат униформи.
Коментари
Публикуване на коментар