Живеење и работа во Шведска! (ВИДЕО)
Се надеваме дека
ова видео може да ви даде представа што може да очекувате доколку размислувате
за живот и работа во Шведска. Притоа, имате можност да стекнете впечаток не
само како е да сте на работа во Шведска, но исто така како таму изгледаат
слободните активности вон работното место.
Оснивачите на познатите компании: IKEA, ABB, SKF, Volvo, Scania, Electrolux, Spotify and Skype, сите тие ги имаат исползувано предностите што ги нуди оваа скандинавска земја, не само за одлично работно окружување туку исто така и прекрасната природа.
Алфред Нобел,
изумителот на динамитот и оснивачот на Нобеловата Награда, е исто така иноватор
од Шведска. Всушност, да се работи во Шведска е можност да се биде дел од
креирањето на иднината.
Ако преферирате
урбан живот, тогаш Малме, Гетеборг и Стокхолм можат тоа да ви го понудат. Ако
пак сакате природа и активности на отворено, во Шведска постојат многу можности
за тоа. 85% од 9,5 милиони жители на оваа земја, живеат во јужните делови на
Шведска.
Какви се можностите да се најде работа во Шведска
Таму се секугаш
потребни вешти луѓе во ICT и инженеринг секторите. Исто така се потребни доктори и
медицински сестри. Работа во Шведска има и за кувари и помошници на шеф на
кујна.
Работата е
порелаксирана и постои поголема грижа за вработените.
Полното работно време е 40 часа неделно, но од неодамна се прејде на 6-часовно работно време!
Годишен одмор имаат вработените најмалку 25 дена во годината.
Полното работно време е 40 часа неделно, но од неодамна се прејде на 6-часовно работно време!
Годишен одмор имаат вработените најмалку 25 дена во годината.
Како се работи во Шведска
Од секој вработен се очекува самостојно да донесува одлуки во дневната работа, наместо да има неколку нивоа на менаџмент кои би ги воделе, тоест одлуките се помалку вертикални а повеќе хоризонтални. Се прави групна анализа на едно прашање и се доаѓа до заедничко решение. Колегите се ословуваат по име, постои пријателска но исто така и професионална атмосфера. Кафе паузите се важен составен дел од работниот ден.
Точноста е
посебно ценета. Повеќето луѓе во Шведска зборуваат основен англиски. Ако сте
висок технички кадар, вие не треба да знаете шведски за да добиете работа во
Шведска. За повеќето други професии ќе треба да научите шведски за да се
интегрирате во општеството и да создадете персонални контакти.
Шведска филозофија е дека здрави и среќни вработени се попродуктивни. Основната идеја е дека луѓето се помотивирани ако чуствуваат дека се ценети како личности.
Коментари
Публикуване на коментар