Работа во Германија: Медицински сестри/ техничари (м/ж) - клиника во Баварија

Можност за работа во Германија за медицински сестри/ техничари (м/ж) во клиника во Баварија.
Опис на работата:
Грижа и профилакса, вообичаената и пост-хируршка нега на пациентите, интензивна нега и прва помош.
Се работи во три смени.
Пробниот период е 6 месеци.


До нострификацијата на вашата диплома, добивате договор на одредено време, а после нострификацијата договор на неодредено време.
Добивате помош и подршка од надлежните служби за нострификација на вашата диплома во најкраток временски период.

Потребно:
- Средно образование или виша школа од медицинската струка (нега на болните и грижа за постари лица).
- Познавање на германски јазик Б1 ниво.

Бидејќи е услов за вработување, познавањето на германски јазик Б1 ниво, ние организираме соодветен интензивен курс за да го остварите овој услов во најкраток период. Во врска со ова можете да не контактирате на мобилен и (Viber/Whatsapp): 077/816-447 или на емаил rabotavoeu@yahoo.com.

Почетна основна плата преку 2.200 ЕУР бруто (во периодот додека се нострифицира вашата диплома).
После нострификацијата на вашата диплома, вашата основна плата е преку 2.700 ЕУР.
На овој износ се придодаваат и додатоци за ноќна работа, како и за работа во сабота или недела и тоа 20% до 25% повеќе по работен час.
Платен годишен одмор 30 дена
Оброк во ресторанот во склопот на клиниката.
Можност за напредување во вашата кариера и континуирано образование и оспособување.

Повеќе информации на мобилен и (Viber/Whatsapp): 077/816-447
Заинтересираните можат да достават кратка биографија со фотографија, на емаил rabotavoeu@yahoo.com, со назнака за кое работно место сте заинтересирани.

Кандидатите коишто испраќаат апликација преку емаил се согласуваат дека нивните податоци можат да се користат при селектирањето и проследувањето на кадри во смисла на Законот за заштита на личните податоци.

Коментари

Популярни публикации от този блог

Словенија/ Работа за Возачи со Б Категорија/ Пристаниште Копер

Работа во Германија за ПОМОШНИ РАБОТНИЦИ во фабрика за ЧОКОЛАДА!

Работа во Хрватска за Собари/ки (м/ж) во хотели