Работа во Чешка за Шивачи/ки на тапацири за седишта на автомобили/ сите пасоши

Фирма во Чешка има потреба од шивачки на тапацири на седишта за автомобили. Работата се разликува од стандардното шиење на текстил. Одлични услови на работа (хигиена, осветлување, греење, простории за одмор, машини за кафе и сендвичи, кантина со топол оброк или сува храна).
Се нуди следното:
- Договор за работа;
- Здравствено и социјално осигурување;
Се работи 12 часа дневно, недела е слободен ден. Фирмата работи 24ч. на ден, од понеделник до петок, а во сабота според обемот на работа.

Наградување:
- Саатнина според проценка на норма час, 88 до 100 CZK на час;
- За 12 часа работа во сабота, дополнително 500 
CZK.
Моментално просечната месечна плата во фирмата изнесува околу 1.000 еур, но може да биде и повеќе во зависност од обемот на работа.
За надминување на нормите 120% од сите, после 6-7 месеци, реалната плата на час станува помеѓу 105 и 122 
CZK. Раководителите на секоја бригада добиваат по 10 кс на час дополнително.
Платата се исплатува на 29-ти секој месец, за претходниот месец.
- Аконтации за новите работници.

Воведување во работниот процес добивате од вработени во фирмата.
Сместувањето е во станови, обезбедени од страна на работодавачот. Становите се во градчето кадешто е фирмата или во околните населени места. Собите се 2, 3 или поретко 4-креветни, со заеднички кујни и заеднички санитарни јазли. Цените на сместување се од 2500 кс до 3300 кс или од 100 до 130 еур месечно, со вклучени трошоци за струја, вода, греење, такса за смет и др. Доколку самите си најдете посоодветно сместување, постои можност за промена на адреса во содејство со службите во фирмата.

Оваа работна понуда е погодна за подолг рок, препорака минимум 2 години.
Оваа работа е соодветна за одговорни и трудољубиви луѓе.
Потребни документи за аплицирање:
- Фотокопија од лична карта;
- Една фотографија во формат за пасош;
- Пополнување на подготвени формулари од фирмата.

Контакт мобилен (viber/whatsapp): 38977816447
Емаил: rabotavoeu@yahoo.com

Кликнете лајк на нашата Фејсбук страница Работа во ЕУ, за да ви се појавуваат работните позиции што следуваат наскоро.

Кандидатите коишто испраќаат апликација преку емаил се согласуваат дека нивните податоци можат да се користат при селектирањето и проследувањето на кадри во смисла на Законот за заштита на личните податоци.

Коментари

Популярни публикации от този блог

Словенија/ Работа за Возачи со Б Категорија/ Пристаниште Копер

Работа во Германија за ПОМОШНИ РАБОТНИЦИ во фабрика за ЧОКОЛАДА!

Работа во Хрватска за Собари/ки (м/ж) во хотели