Словачка/ работа за МКД државјани (м/ж/п)/ јули 2021/ пакување

Photo by form PxHere
Можност за МКД државјани (машки, женски и парови; возраст 18-55 години) за работа во фабриката ФМ Логистик, Серед, Словачка.
Не е потребно претходно работно искуство, ниту знаење на странски јазик.
Се работи пакување на пенкала, запалки, чоколади, кафе и канцелариски материјали.

Цената на работата е 3,5 € на час.
Се работи 3 месеци.
Аконтациите се 30 евра секоја недела, до првата плата.

Работното време е 8 часа или 12 часа, 5 дена во неделата, а во врска со потребите на фабриката, можете да работите прекувремено во договор со координаторот.
Платата е помеѓу 10-ти и 15-ти во месецот за претходниот месец.
Сместувањето е обезбедено и бесплатно, обично во четирикреветни соби.
До фабриката одите пеш околу 10 минути.
Од првата плата ви се одбиваат 35 € за превозот до Словачка.

Зависно од моменталните сместувачки капацитети, паровите се сместуваат во посебни соби, а доколку нема таков капацитет, 2 парови се сместени во една соба, но тие работат во различни смени за да имаат приватност.

Информации во врска Корона вирусот:

Пред поаѓањето, треба да направите основно патничко осигурување за 4 дена, коешто чини околу 200-300 денари.
Потребно е да имате заштитна маска за да ја преминете границата.
После пристигнувањето во Словачка, ќе бидете во самоизолација 3-5 дена, каде што ќе имате PCR-тест за Ковид-19.
После пристигнувањето на негативниот тест, започнувате со работа.
Трошоците за самоизолација и PCR тест се на товар на агенцијата.

Ако дадете отказ и не го почитувате 15-дневниот отказен рок, ќе ви бидат одбиени 100 евра од вашата плата за трошоците за тестот и самоизолацијата.

За да аплицирате, треба да испратите фотографија од пасош и телефонски број за контакт.

На поаѓање плаќате 75 € за трошоците за подготовка на документацијата неопходна за вработување во ЕУ (организација и резервација на превоз директно до сместувањето, гаранција за премин на граница, изготвување писмо за покана, организација и распоред на тестирање на Ковид на сметка на агенцијата, резервација на сместување во карантин и обезбедено вработување).

Поаѓањата се во сабота наутро, 24 јули и среда наутро, 28 јули, од Белград.

Контакт број: 0038971489048 (Viber, WhatsApp).

Коментари

Популярни публикации от този блог

Словенија/ Работа за Возачи со Б Категорија/ Пристаниште Копер

Работа во Германија за ПОМОШНИ РАБОТНИЦИ во фабрика за ЧОКОЛАДА!

Работа во Хрватска за Собари/ки (м/ж) во хотели