Работни места во Словенија (металостругари, заварувачи, CNC оператори) - можност за МКД државјани (невработени)

Моментално има отворени работни места
во Словенија
за:
металостругаризаварувачи-бравари, 
CNC оператори.
(опис на наведените работни места, подолу во овој текст).

Може да конкурираат МКД државјани.
Обезбедена е работна дозвола една година, се работи легално од првиот ден.
Притоа имате пензиско, здравствено и социјално осигурување.

Заработка:
Основната нето плата е 1.000e-1.300e.
Исплата на 13-та плата од 1.025е на 10.06.-ти.
На Католички Божиќ добивате бонус од 300-500е.

Индивидуални месечни бонуси во зависност од залагањето.
До 15% на плата, дополнително за прецизност во работата.
Аконтација во износ од 250е се добива еднократно после 2 недели.

Плаќањето е на 15-17-ти во месецот за претходниот месец.
Платен годишен одмор 4 седмици.
Превозот е платен.
Основното работно време е 8 часа, 5 дена во неделата.
Се работи во 2 смени.
Сместувањето е во двокреветни соби, платено три месеци, потоа се одбива по 150е/ месечно.

Сите ТРОШОЦИ за визи, превоз, тестови, се на товар на работодавачот.
Поаѓањето е БЕСПЛАТНО, платено е патувањето од Белград до Словенија.

Потребни докумнти за работна дозвола во Словенија:
- Потврда за невработеност;
- Копија од пасош (заверена кај Нотар);
- Копија од Диплома за завршено средно или високо образование
(заверено со Апостил печат);
- Потврда за неосудуваност.

Контакт: 0038971489048 (ViberWhatsApp).

Опис на работата Металоругар

Преработка на метал на класични машини, класично брусење, класично бушење и класично токарење. Вршење задачи со машинска прераработка на метали, брусење и подготовка на алати, пакување, подготовка на работна опрема за работа, секојдневно одржување на работна опрема (чистење на местата за подмачкување, подмачкување, ...), чистење и средување на работната средина и средства за надзор на работата, опремата за работа и известување за потребата од интервенции за одржување.

Опис на работата Бравар - Заварувач

Заварувачот врши и браварска работа, така што техничкото знаење е многу важно.
Склопувањето и заварувањето се работи според планови.
Браварски работи, заварување, спојување, цртање.
Подготовка на алатките за работа, составување и подесување на алатките, лепење на метални предмети.
Чистење и уредување на работната средина и средствата за работа. Исто така, следење на работата на опремата за работа и известување за потребата од интервенции за одржување, управување со вилушкар и надземен кран и изведување рачни транспортни операции.

Опис на работата CNC оператор

Познавање на програмирање во G код.
CNC машина TOS, 5 AXIS, хоризонтална вертикална машина за бушење и глодање, контрола Hidenhine.
CNC машина DOOSAN NHM8000, 4 оски, две палети обработени во средината, контрола Fanuc.
CNC струг Moriseki, Mitchubischi команда.
CNC брусилка Zeirch, рамно брусење.

Управување со програми за исправување, прилагодување и подготовка на CNC машини.
Чистење на работната средина и опремата што ја контролира работата и ја сигнализира потребата за интервенции.

Коментари

Популярни публикации от този блог

Словенија/ Работа за Возачи со Б Категорија/ Пристаниште Копер

Работа во Германија за ПОМОШНИ РАБОТНИЦИ во фабрика за ЧОКОЛАДА!

Работа во Хрватска за Собари/ки (м/ж) во хотели