Работа во Словенија во Пекарската Индустрија

Можност за работа во Словенија,
за пекарски работници, на две локации.

1) Локација Гросупље: Пекара Гросупље - правење леб и пецива.
Опис на работата:
- подготовка на тесто за леб,
- работа на автоматско тестирање производствени линии,
- работа на индустриски печки за леб,
- преместување на производи и пакување на готови производи,
- помошни работи во пекарско производство (сложување, внатрешен транспорт).

2) Локација Крањ: производство на крофни и сендвичи
Опис на работата:
- подготовка на тесто,
- работа на линијата за производство на крофни,
- работа на линии за пакување крофни,
- работи на линија за производство на сендвичи.

Рок за пријавување: 08.07.2023г.
Доколку сте заинтересирани за оваа работа,
потребно е да доставите кратка биографија на латиница.

Услови:
- препорачана квалификација или завршено средно образование од прехранбената
или техничката област,
- работно искуство на слични работни места,
- одговорен пристап кон работата,
- подготвеност за работа во смени,
- познавање на српско-хрватскиот јазик.

Работодавачот нуди:
- редовно и долгорочно вработување во компанијата која расте,
- добри услови за приход (редовна плата, осигурување, надомест на патни трошоци и оброци, регрес за годишен одмор, можност за месечни стимулации),
- стручно оспособување за работа.

Контакт за инфо: 0038971489048 (исклучиво преку Viber или WhatsApp)

Работодавачот го задржува правото да контактира само со кандидатите коишто ги исполнуваат условите за работа.

Кандидатите коишто аплицираат, се согласуваат дека нивните податоци можат да се користат при селектирањето и проследувањето на кадри во смисла на Законот за заштита на личните податоци.

Image by Freepik

Коментари

Популярни публикации от този блог

Словенија/ Работа за Возачи со Б Категорија/ Пристаниште Копер

Работа во Германија за ПОМОШНИ РАБОТНИЦИ во фабрика за ЧОКОЛАДА!

Работа во Хрватска за Собари/ки (м/ж) во хотели