Обука/ Болногледачи

Обука за Болногледачи (м/ж) - ЕУ Сертификат

Photo by Elien Dumon on Unsplash
Едно од најтражените занимања во овој период, како во Германија, така и во други држави од ЕУ, претставува работењето како болногледачи.
Се очекува понатамошен пораст на овој тренд и после 2020 година.
Затоа, доколку сакате да ја зголемите својата можност за работа во Германија или во Австрија, тоа би можеле да го постигнете доколку се оспособите преку обука за работење како болногледач/ка.

Оваа работа одговара за луѓе коишто сакаат да помагаат на стари луѓе во секојдневните активности, како и на болни или повредени луѓе. 

Што е потребно за да можете да работите како болногледач/ка

За да можете да работите како болногледач/ка во Германија или во Австрија, потребно е да имате завршено медицинско училиште или обука за болногледач. Исто така е потребно и одредено познавање на германскиот јазик.

Обука за Болногледачи (м/ж) – теоретски и практичен дел – 250 часа

Следен датум на почеток: 26.06.2020
Траење на обуката: три седмици.
Слободни места
: шест.
Теоретскиот дел на обуката може да го следите од дома, преку интернет, без патување на местото на одржувањето на обуката.
За практичниот дел на обуката е потребно да бидете присутни во центарот за обука.

После теоретскиот и практичниот дел на обуката, следува полагање на испит.
Штом го положите испитот, се смета дека сте ја завршиле обуката успешно и добивате Уверение за професионална обука за професијата Болногледач, како и ЕУ Сертификат.
Уверението е признаено во ЕУ и врз основа на тоа имате можност да добиете работа како болногледачи во Германија или во Австрија.

Повеќе информации и пријавување на мобилен: 071/489-048.
Во првата група за обуката за болногледачи има место за 6 кандидати.




Коментари

Популярни публикации от този блог

Словенија/ Работа за Возачи со Б Категорија/ Пристаниште Копер

Работа во Германија за ПОМОШНИ РАБОТНИЦИ во фабрика за ЧОКОЛАДА!

Работа во Хрватска за Собари/ки (м/ж) во хотели